Економија, финансии, бизнис

Контакт

Аеродромци зеленилото кај Мајчин дом ќе го бранат играјќи фудбал

Аеродромци зеленилото кај Мајчин дом ќе го бранат играјќи фудбал

Фудбал секој петок во 17 ч. ќе играат жителите на општината која во последните десет години е место во кое никнаа најмногу згради.

Аеродромци не го даваат зелениот простор кај Мачјин дом каде што во тек се градежни активности и токму таму е планирано да никне деветкатница.

Група граѓани на општина Аеродром самоинцијативно преку социјалните мрежи вчера се собраа и дружеа изразувајќи го на тој начин урбанистичкиот хаос кој како велат со години им се заканува на зелените површини во општината.

Граѓаните бараат да се поништи ДУП-от кој донесе поранешниот градоначалник Ивица Коневски додека од општината со која сега раководи Златко Марин велат дека бараат начин да се излезе во пресрет на барањата на граѓаните, но досега не најавија конкретни предлози.

Неформалната група граѓани му упатија пораки на Марин дека треба повеќе да се потруди од собирање батерии и електронски отпад, примање донации за прочистувачи за воздух, делење признаници и слични работи .

Слично

Поврзани вести