Економија, финансии, бизнис

Контакт

АЕРОДРОМЦИ „НАЈНЕОТПОРНИ“ НА КОВИД - само во оваа скопска општина има над 100 активни случаи

АЕРОДРОМЦИ „НАЈНЕОТПОРНИ“ НА КОВИД - само во оваа скопска општина има над 100 активни случаи

Аеродром е единствената скопска општина која има над 100 заболени од ковид 19. Или поточно, таму се регистрирани 112 активни случаи.

Другите општини во Главниот град имаат под 100, па може да се заболежи дека во таа категорија влегува и Чаир, која денеска брои 85 активни случаи, а паметиме дека своевремено, кога влдееше пикот на епидемијата, во Чаир имаше и над 400 активни случаи заболени од коронавирусот.

Ова се активни случаи по општини Скопје денеска, иако по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје.

Гази Баба и Карпош имаат по 82 случаи, Кисела Вода 80, а Центар се спуштил до 76 активни случаи. Ѓорче Петров има 43, Бутел - 52, Шуто Оризари – 31, Студеничани – 24, Сарај – 20, Арачиново – 14, Илинден – 12, Сопиште – 7, Чучер Сандево – 3, Петровец – 7, и Зелениково двајца заболени активни случаи. 

Слично

Поврзани вести