Економија, финансии, бизнис

Контакт

Аеродромци на протест против спорниот ДУП, градежната експанзија и загадувањето

Аеродромци на протест против спорниот ДУП, градежната експанзија и загадувањето

Експресно и на вонредна седница изгласаниот  спорен Детален урбанистички план со кој се предвидува уништување на зелени површини кај Мајчин Дом и покрај реката Вардар ги разгневи жителите на Аеродром. Граѓаните се револтирани, велат општинската власт бесправно дозволува последните зелени појаси да станат бетонски зданија. Ова според професорот Златко Марин, претседател на општинската организација на СДСМ во општина Аеродром е уште една од низата градежни насилства кои се обидува да ги реализира локалната власт. Општината во изминатите 8 години вели пренаменила дури  1700 парцели за градежно земјиште, а инвестициите во неколку паркови кои како што вели се претежно бетонирани плоштади се  дебело преплатени од џебот на граѓаните  и  не придонесуваат за почиста животна средина.

“Овој ДУП, како што добро памети јавноста, беше сериозно оспорен од граѓаните уште пред една година кога ВМРО-ДПМНЕ сакаше да го доенесе. Тогаш, заради големиот отпор беше повлечен и ставен во мирување. Но, очигледно се кријат големи бизнис интерси зад оваа одлука бидејќи се планираат градби на зелени површини кои може да бидат многу профиталбилни. Најспорен објект е деветкатницата пред Мајчин Дом која никако не сакаат да ја избришат, а на неа силно се прoтиват граѓаните. Пред неколку дена, повторно во јавноста проструи информација дека земјиштето било продадено на нова компанија, која медиумите  ја поврзуваа со име на познат бизнисмен близок на власта. Очигледно е дека позади ова градежно насилство стојат големи зделки, но јас ветувам дека докрај ќе ги разобличиме и нема да дозволиме да се изгуби ни педа зеленило”- додава Марин.

Дополнителен проблем како што вели е  мандатот  на градоначалниците и општинскиот совет кој истекува на 1 мај. Оттука овие проекти на штета на граѓаните се туркаат на мала врата.

“Во услови на хаос и нестабилност, општинските власти сакаат на мала врата да ги избуткаат овие непопуларни и криминлани ДУП-ови. Но, ние будно ја следиме нивната работа и нема да дозволиме такво нешто. Без разлика дали има Влада или не, против волјата на граѓаните не смее да се работи. Знаете, општина Аердром е една од најзагадените општини во Скопје. Граѓани умираат од загадувањето, а деца се лечат од респиратони болести како последица на енормното загадување. Секоја нова градба во Аеродром или уништено зеленило придонесува за ова, а новите градби го спречуваат природното циркулирање на воздухот. Јас отворено се борам против градежната мафија и мој прв приоритет е зачувување на животната средина и намалувањето на загадувањето. Оттаму, хаосот и блокадата не не интересираат. Ќе се спротивставиме силно без разлика на актуелната политичка состојба”- потенцира Марин.

Новите градби во општината вели никнуваат на зелени појаси. Релативно младата општина го затекналастариот дел од Аеродром кој е архитектонски врвно изграден, но останатите новоизградени  објекти според него се катастрофално осмислени и без зеленило. Средствата од буџетската каса смета дека траба да  се насочат  за зачувување на животната средина, подобрување на општинските услуги и трансформирање на општината во вистински, отворен сервис за граѓаните. Овој урбанистички план еднаш веќе беше повлечен поради протестите на жителите.

“Тогаш протестите многу ги погодија и експресно се повлекоа од идејата. Изненаден сум со овој подмолен потег на Коневски и ставање на ДУП-от во последен момент на гласање. Очигледно се притиснати од градежната мафија и бизнис интересите, друго објаснување нема. Верувам дека добро знаеја со каков отпор ќе се соочат, но и покрај тоа продолжуваат со насилството. Општината од секогаш била глува за граѓанските барања и барањата на советниците на СДСМ. Ние како опозиција имавме многубројни обиди да ги вразумиме општинските власти и да наметнеме дебата и промени во интерс на граѓаните. Последното објаснување на Коневски вчера е дека морало итно да се донесе ДУП-от бидејќи веќе Министерството за Танспорт дало одобрение. Замислете, Министерството издало одобрени за само еден ден од поднесувањето на барањето од страна на општината. Второ, донесувањето на ДУП-от е по итна постапка, иако во тоа немало ништо итно и можеше да се одложи за понеделник заради посериозна дебата”-потенцира советникот.

Граѓанскиот отпор ќе го манифестираат со секојдневни  протести во 18 часот пред општината се додека не се повлече одлуката. Состојбата велат е загрижувачка, оправдување нема, а врвен   приоритет мора да биде здравјето на граѓаните.

С.Б.

Слично

Поврзани вести