Економија, финансии, бизнис

Контакт

Аеродромци ќе добијат бесплатен паркинг кај „Паркот со авион“

Аеродромци ќе добијат бесплатен паркинг кај „Паркот со авион“

Денеска ќе започне изградбата на две нови паркиралишта со вкупно 150 паркинг-места во општина Аеродром. Тие ќе бидат изградени крај булеварот АСНОМ за потребите на граѓаните на скопската населба Ново Лисиче, но и за посетителите на „Паркот со авион“ крај реката Вардар.

Овој паркин простор се очекува да биде говотов до први септември, а паркирањето ќе биде бесплатно. Паркиралиштето што ќе се гради до фудбалското игралиште е со вкупна површина од околу 2 300 квадратни метри, со капацитет од околу 100 паркинг-места.

Вториот паркинг што ќе се гради во близина на паркот „Аеродром“ е со вкупна површина од 1 400 квадратни метео и со капцитет од околу 50 паркинг места.

„Се надевам дека со изградба на овие паркиралишта ќе се реши целосно проблемот со слободен паркинг простор во овој дел од општина Аеродром, а целиот овој проект чини пет милиони денари, пари кои се обезбедени од буџетот на општината“, изјави Ивица Коневски, градоначалник на општина Аеродром.

Овој проект претставува составен дел од проектите за подобра општина, а ние советниците дадовме максимална поддршка, со единствена цел оваа општина да биде посетена дестинација, изјави Виктор Камиловски, претседател на Советот на општина Аеродром.

Слично

Поврзани вести