Економија, финансии, бизнис

Контакт

Aeродром го помина Чаир по бројот на активни случаи на коронавирусот

Aeродром го помина Чаир по бројот на активни случаи на коронавирусот

Скопската општина Aeродром го помина Чаир по бројот на активни случаи на коронавирусот. 

Во Аеродром според податоците на Министерството за здравство има 94, а во Чаир 55 активни случаи. 

Пред Чаир се Гази Баба и Карпош кои имаат по 71, а 68 има во Центар.

Кисела Вода има 53, Бутел 41, а другите општини се со помал број на активни случаи на коронавирусот. 

Долго време Чаир беше на врвот на листата, но сега состојбата се смени. 

Во земјава има помалку од 2.000 активни на Ковид -19. 

Слично

Поврзани вести