Економија, финансии, бизнис

Контакт

Аеродром во инспекција на автосервиси, Марин одел пеш на работа

Аеродром во инспекција на автосервиси, Марин одел пеш на работа

Инспекциската служба на Општина Аеродром денеска спроведува вонреден надзор на градилиштата, автосервисите и отпадите на целата територија на општината, откако вчера стапија во сила интервентни мерки против загадувањето на воздухот.

„При контролата е констатирано дека на целата територија на Општина Аеродром генерално се почитуваат интервентните мерки, а вонредниот надзор ќе продолжи и во наредните денови“, се тврди во известувањето на локалната самоуправа.

Мерките беа воведени веднаш по известувањетo од Министерството за животна средина и просторно планирање дека квалитетот на воздухот два дена по ред го надминува законски пропишаниот минимум, односно изнесува над 188 μg/m3 на мерните станици во Карпош, Центар и Ректорат.

„Општина Аеродром ги почитува воведените мерки и денеска од работа ослободи седуммина вработени од критичните групи. Исто така, двојно е намалена употребата на службените возила. Повеќето од вработените, вклучувајќи го и градоначалникот, утринава стигнаа пеш или со велосипед до работните места“, се вели во соопштението на општината.


Слично

Поврзани вести