Економија, финансии, бизнис

Контакт

АЕК ќе ги блокира странските броеви: Секако не кревајте

АЕК ќе ги блокира странските броеви: Секако не кревајте

Телекомуникациските оператори ќе ги блокираат броевите од кои што кон домашни корисници од претпладнето има голем број неидентификувани повици од странство и во текот на денов таквите повици ќе престанат, изјави за МИА директорот на Агенцијата на електронски комуникации Сашо Димитријовски.

Истото за фактор го потврдија и од Телеком. Сите наделжни апелираат граѓаните да не одговараат на повиците.


Димитријоски најави дека службите на АЕК ќе одржат состанок со мобилните оператори, како и дека наскоро на веб страницата на АЕК ќе биде објавено соопштение со конкретни насоки.

– Ова се злоупотреби што се случувале и во минатото, вакви јавувања имаше и минатата година. Совет до граѓаните е да не се јавуаваат, а опереторите ги регистрираат броевите, ги блокираат и повиците од нив ќе престанат во текот на денов, изјави Димитријоски.

Од Македонски Телеком потврдуваат дека во текот на денешниот ден се регистрирани повици од непознати дестинации кон нивни корисници чија цел е да се генерира непотребен сообраќај. 

„За да ги заштитиме корисниците од несакани трошоци, компанијата веднаш превзеде безбедносни мерки, ги блокираше непознатите броеви и го оневозможи бирањето кон овие дестинации. Апелираме корисниците постојано да бидат претпазливи и да не одговараат на пропуштени повици од непознати броеви, со цел за да се избегнат злоупотреби и дополнителни непредвидени трошоци, велат од Телеком. 

Слично

Поврзани вести