АЕК го одврза ќесето: Донира еден милион евра за изградба на Панорамското тркало!
Еден милион евра од парите потребни за изградба на Панорамското тркало во Скопје ќе бидат донација од Агенцијата за електронски комуникации.
АЕК ќе донира 61.500.000 денари на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП) за реализација на реквизитниот објект „Панорамско тркало“ кој треба да се издигне на нов мост во Вардар, помеѓу Камени мост и мостот „Гоце Делчев“.
Вкупната вредност на проектот изнесува 18,3 милиони евра, а објектот ќе го гради градежната фирма „Бетон“ - Скопје.
Според деталите на договорот, изградбата треба да трае пет години, а ќе опфати подигање и на придружни елементи како кафетерија, ресторан и сувенирница на новиот мост.
Панорамското тркало е предвидено да биде високо 73 метри, мерено од брегот на реката, а ќе има дијаметар од 57 метри, со 30 кабини во форма на гондоли.
Првично се планираше изградбата на овој објект да се финансира од донации на приватни компании, но подоцна планот беше изменет, па за изградба на тркалото ќе се издвојуваат пари од државниот буџет.
Слично
