Економија, финансии, бизнис

Контакт

АЕК бара начин да го забрза пристапот до интернет

АЕК бара начин да го забрза пристапот до интернет
Македонија се обидува да ја стигне европската дигитална агенда - до 2020 година сите корисници на интернет во земјава да имаат пристап со брзина од најмалку 30 мегабити во секунда, додека половина од корисниците да користат интернет со брзина и до 100 мегабити во секунда. Ова го најави првиот човек на Агенцијата за електронски комуникации Роберт Орданоски на денешниот прв јавен состанок на АЕК за годинава. Агендата е амбициозна, особено со оглед на тоа што според последните податоци на АЕК, едвај 3,5% од корисниците на интернет во Македонија во моментов имаат брзина поголема од 30 мегабити во секунда. „Со новата регулаторна рамка, операторите ќе имаат можност да ги подобрат преформансите и да работат на изградба на нови мрежи“, рече Орданоски.  
Слично

Поврзани вести