АДВОКАТОТ ВЛАДИМИР ТУФЕГЏИЌ: Во личните документи морало да пишува дека важат до 12 февруари, на потег е ОЈО за ГОКК
Адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ се огласи на фејсбук во врска со неважечките документи кои им создаваат проблеми на граѓаните.
„Одговорност мора да има од едноставна причина што во изминатите пет години при издавањето на лични документи со стариот формат надлежниот орган на управата не превземал ниту едно дејствие со цел навремено известување на граѓанинот дека рокот на важност на стариот формат истекува на 12.02.2024 година.
Тоа бил во обврска да го направи со запишување на рокот на важност до 12.02.2024 година во самиот документ или при издавањето на документот истовремено да му достави писмено укажување за крајниот рок на важност.
Доколку се постапело на овој начин денеска состојбата на работите ќе беше поинаква, а странката ќе се сметало дека е навремено известена.
Во секој случај штетата е направена и одговорноста е на менаџерскиот тим во МВР и затоа на потег е ОЈО за ГОКК во чија надлежност е постапувањето на полициските службеници“, напиша адвокатот на својот фејсбук профил.
Претходнпо тој објави уште еден остар статус.„Тој што во изминатите 5 години нарачувал и пуштал во промет стари обрасци и овозможил изработка и издавање на лични документи со важност подолго од 12.02.2024 иако знаел дека важноста на истите е до 12.02.2024, на 13.02.2024 сабајле во 08,00 треба да биде во Јавно обвинителство“, пишува на својот фејсбук профил Туфегџиќ.
