Економија, финансии, бизнис

Контакт

АДВОКАТОТ ТУФЕГЏИЌ ЌЕ ЈА БАРА ПРАВДАТА ЗА ЗАГИНАТИОТ ЉУПЧО - смета дека Полицијата направила пропусти, а истрагата да се насочи кон сопственикот на објектот

АДВОКАТОТ ТУФЕГЏИЌ ЌЕ ЈА БАРА ПРАВДАТА ЗА ЗАГИНАТИОТ ЉУПЧО - смета дека Полицијата направила пропусти, а истрагата да се насочи кон сопственикот на објектот

Адвокатот Владимир Туфегџиќ ќе се бори семејството Лешко, чиј син Љупчо почина од струен удар на приватна забава, во изнајмен објект во Радишани. Тој смета дека постапката која ја води скопското Обвинителство треба да биде насокчена кон сопственикот и менаџерот на објектот, објаснувајќи дека го издавале без одобрение. Укажува дека има и пропусти од страна на полицијата, пишува порталот Скопје1.

„Во конкретниот случај како адвокат на оштетеното семејството сметам дека постои основано сомневање за сторено кривично дело Тешки дела против општата сигурност и истражната постапка во оваа смисла треба и мора да биде насочена кон сопственикот на објектот како и кон лицето кое го менаџирало објектот преку позната инстаграм адреса со издавање за настани на кои биле собрани поголем број луѓе и со ставање на неисправна и неиспитана музичка опрема на располагање, без одобрение и согласност од надлежен орган“, вели Туфегџиќ за „Скопје1“.

Тој смета дека полицијата делувала пристрасно, бидејќи игнорирале факти и докази. Поради недовербата која се создала поради повеќе работи, Туфегџиќ вели дека му најавил на јавниот обвинител дека заедно со семејството активно ќе учствуваат во предметот.

Извор: Скопје1

Слично

Поврзани вести