Економија, финансии, бизнис

Контакт

Адвокатот што ја поднесе иницијативата до Уставен суд тврди дека не застапува никого политички

Адвокатот што ја поднесе иницијативата до Уставен суд тврди дека не застапува никого политички

Адвокатот Зоран Стојановски кој ги поднесе иницијативите до Уставен суд за Законот за помилување и Законот за одликување кои изминатите денови ја разбрануваа јавноста демантира дека има било каква политичка мотивираност од негова страна во предизборниот период.

Тврди дека нема намера да ги спасува поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ од евентуална одговорност и дека треба да бидат поништени и едната и другата одлука.

- Дали тоа ќе предизвика дневно-политички потреси, тоа не е работа на уставно-судската пракса, затоа што потоа одговорноста паѓа на законодавецот, а не на Уставниот суд. Целта како и на секоја друга иницијатива пред Уставен суд е зачувување на уставноста и законитоста, нема друга цел. Политичките анализи се предмет на работа на политички партии, ова е само уставно-судска работа. Нема допирна точка со политика од аспект на тоа како што сака да се прикаже, вели Стојановски за ТВ24.

Тој тврди дека, според деловникот за работа, Уставен суд по службена должност ја води постапката и дека не е првпат вака да се постапува по иницијативи и за други постапки.


Слично

Поврзани вести