Економија, финансии, бизнис

Контакт

АДВОКАТОТ ПАНЧЕ ТОШКОВСКИ ДА БИДЕ МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ, А ЃОКО ВЕЛКОВСКИ ЗА ТРУД - испливаа кадрите за техничката влада

АДВОКАТОТ ПАНЧЕ ТОШКОВСКИ ДА БИДЕ МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ, А ЃОКО ВЕЛКОВСКИ ЗА ТРУД - испливаа кадрите за техничката влада

Панче Тошковски, адвокат, и претседател на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде кандидат за министер за внатрешни работи во техничката Влада. 

Оваа информација за Фактор ја потврдуваат извори од најголемата опозициска партија. 

Претходно се шпекулираше дека ова место ќе го заземе Наќе Чулев, поранешен технички министер за внатрешни работи, па дури и самиот тој се себепромовираше на социјалните мрежи, но очигледно е дека партијата на Кристијан Мицковски донела одлука довербата за ова место да му ја даде на друг кадар.

Ѓоко Велкоски, пак, ќе се номинира за местото министер за труд и социјална политика. Велковски порано бил вработен во ова министерство, а сега е ангажиран во општина Гази Баба. Велковски е екс генералниот секретер на град Скопје

Овие предлози беа ставени на денешната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

За нов дополнителен заменик министер за финансии е предложена сосема ново решение кое е на професионална основа. Тоа е Елена Петрова, дипломиран економист со над 25 годишно работно искуство во Управата за јавни приходи.

Цветан Трипуновски е предложен за дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. По струка е дипломиран земјоделски инженер.

За нов дополнителен заменик министер за информатичко општество ќе биде предложен Стефан Андоновски, досегашен меѓународен секретар на партијата и советник во Советот на Град Скопје.

Слично

Поврзани вести