Економија, финансии, бизнис

Контакт

Адвокатот на Заев сопственик на новолиценцирана компанија за производство на канабис

Адвокатот на Заев сопственик на новолиценцирана компанија за производство на канабис

Личниот адвокат на премиерот Зоран Заев, Ване Андреев, е еден од сопствениците на  „Канабис ОНЕ Доо Струмица“, нова компанија за производство на канабис за медицински цели, објави Економски Лидер.

Покрај Андреев, во сопствеништвото на компанијата се јавуваат и компанијата „Летерс ДОО – Ресен“, Зоран Јанев, Крис Алман од САД, Славчо Васков – Пинда, како и Сара Еленова од Кавадарци. 

Економски Лидер тврди дека Заеви се сопственици на една од осумте лиценци за одгледување на канабис, преку компанијата „МАМ“, која е во сопственост на братучедот на премиерот Трајче Заев а дел од управните структури е и неговиот брат Вице Заев.


Слично

Поврзани вести