Економија, финансии, бизнис

Контакт

Адвокатот на возачот тврди дека бил во шок и затоа не помогнал

Адвокатот на возачот тврди дека бил во шок и затоа не помогнал

Адвокатoт Душко Јанковиќ, бранител на возачот Јордан Ѓ. кој ја усмрти 24-годишната радовишанка во сообраќајката кај Сити мол, за „А1он“ вели дека тој било во шок, што го утврдиле и лекарите. 

„Кога тој ќе легне следните 50 години таа слика ќе му излегува пред очи“, рече адвокатот. 

Од преголем стрес, адвокатот кажа му се укочиле нозете и рацете и така останал половина час, додека не го извадила полицијата од возилото за да го однесе да му е направат лабораториски анализи. Вели дека поради тоа што бил во шок не излегол да помогне. 

На возачот синоќа му е определен притвор од 30 дена. Одбраната ќе поднесе жалба за притворот. 

foto Printscrint

Слично

Поврзани вести