Адвокатот на Таравари ја бара судската одлука дека Села е лидер на Алијанса
Абидин Абдули, адвокатот на Арбен Таравари, вели дека нема официјално известување од судот дека Зијадин Села е претседател на Алијанса за Албанците.
Инаку претходно од крилото на Села соопштија дека Судот пресудил во нивна корист, но Абдули прашува како е можно ова, со оглед дека немало закажани рочиште.
„Официјално немам добиено решение од Судот. Не се одржа седница, ако има одлука, тогаш таа е донесена без рочиште“, изјави Абдули.
Тој ја информира јавноста дека за овој предмет се сменети дури четири судии, а обвини и за притисоци.
„Дефинитивно ќе се жалиме, не знаеме врз која основа е донесена одлуката“, рече тој.
Слично
