Економија, финансии, бизнис

Контакт

Адвокатот на семејството на Фросина Цековска тврди дека не може да му се намалува казната на Видојковиќ со секое извинување

Адвокатот на семејството на Фросина Цековска тврди дека не може да му се намалува казната на Видојковиќ со секое извинување

Адвокатот на семејството на прегазената студентка Фросина Цековска на пешачкиот кај Универзалната сала тврди дека каење и признавање вина од страна на Љубиша Видојковиќ не може да се земе како олеснителна околност пред Апелационен суд, откако изминатата недела му ја намали казната на возачот што ја усмрти младата девојка на само три години затвор.

Благоја Ангеловски вели идојковиќ признал вина во втората постапка пред Апелација па тоа воопшто според него не требало да биде причина за намалување на казната.

- Признанието на вина во оваа фаза на постапката е илузорно, посебно поради тоа што е дадено во фаза по утврдување на фактичката состојба и по изведување на доказите. Па затоа не требало да доведе до намалување на и онака преблагата казна. Верувам дека семејството ќе побара преку обвинителството да иницираме преиспитување на постапката пред Врховниот суд, изјави тој за Канал 5.

Видојковиќ возел под дејство на алкохол, со брзина поголема од дозволената и откако удрил во Фросина избегал од самото место, но пред судот како олеснителна околност му се зема тоа што изразил каење, бил млад и неосудуван.


Слично

Поврзани вести