Адвокатот на разрешената директорка во гимназијата во Демир Хисар поднесе кривични против шест лица
Жарко Стевановски, адвокат на Маја Лозановска денеска до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против шест службени лица во врска со разрешувањето на Лозановска од директорската функција во СОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар и настаните потоа.
Стевановски денеска на прес-конференција, соопшти дека во кривичната пријава наведува дека шест службени лица, односно градоначалникот на Демир Хисар Никола Најдовски, директорката на училиштето што тој ја назначи, на местото на Лозановска, двајца просветни и двајца полициски инспектори организирале незаконски активности за разрешување на директорката Маја Лозановска, објави ТВ Телма.
Целта, според адвокатот, била да се реализираат вработувања по партиски клуч на технички персонал и наставен кадар во средното училиште.
фото принтскрин