АДВОКАТОТ НА ПАЛЧО ТРЕБА ДА БИДЕ СОСЛУШАН ДЕНЕСКА И ОД ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ: Ќе добие ли притвор?
Адвокатот на
Љупчо Палевски Палчо, Васко Стојков, кој го возеше до Белград се планира
денеска да биде сослушан од Јавен обвинител, по што Обвинителството
денеска ќе одлучува дали ќе
бара притвор и за него.
Тој синоќа е приведен на распит во Полициската станица Центар, а министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на прес конференција изјави дека сè уште трае распитот на Стојков
– Адвокатот е задржан на распит којшто се уште трае во рамките на 24-часовното задржување и кога ќе заврши службите ќе одлучат што понатаму, рече Спасовски.
Инаку, ден по веста која го потресе целиот регион, адвокатот Стојков изјави дека воопшто не знаел дека Палчо е одговорен за убиствата на девојчето Вања и на Панче од Велес.
-Ме замоли да го однесам во Белград бидејќи нема возило, а не можел да обезбеди нотар да му се преведе возилото. Јас не знаев ништо за оваа работа. Знам дека требаше да оди во Белград на преглед. Палевски ми рече дека ако не е во ред ќе оди на преглед во Истанбул. Кога се вратив полицијата правеше претреси, ме прашаа и тогаш им кажав“, изјави адвокатот Стојков на 4. декември.
