Економија, финансии, бизнис

Контакт

Адвокатот на Мијалков поднесе жалба на притворот

Адвокатот на Мијалков поднесе жалба на притворот

Одбраната на екс шефот на УБК, Сашо Мијалков го обжали решението на судот со кое му беше определен притвор од 30 дена, oбјави Канал 5. 

Информацијата за Канал 5 ја потврди неговиот адвокат Антонио Апостолски.

Во жалбата навеле дека судот спротивно на законот му определил притвор без притоа да го сослуша.

Жалбата до Апелациониот суд е поднесена во законскиот рок кој го определи Кривичниот суд.

Со оглед на тоа што се работи за предмет во врска со кој е побаран притвор а за кој веќе тече судска постапка, надлежна да одлучува по жалбата е Апелација.

Од повисокиот суд велат дека ќе биде доставена до Специјалното обвинителство за да се добие мислење.

Слично

Поврзани вести