АДВОКАТОТ НА ЌОСЕТО: Дозволен е прекин на издржувањето на затворската казна во траење од два месеци, скршени му се четири ребра
Горан Ангелов-Ќосето, осуден за „27 април“, доби прекин на казната од два месеци, откако претходно судот го одби. Неговиот адвокат ја соопшти веста.
„Притисокот од јавноста се исплатеше. На Горан Ангелов-Ќосето му е дозволен прекин на издржувањето на затворската казна во траење од два месеци за кои можеби ќе побараме продолжување со оглед на тоа дека излезе дека му се скршени 4 ребра (не три) од кои едно со дислокација. Криво ми е што и во ваква ситуација се во државава мора да иде на сила и некој да биде јавно објавен за да постапи! Фала ви на сите за споделувањето, значително помогнавте!“, објави неговиот адвокат Драган Пешевски.
Ангелов претходно упати молба за прекин на казната до Судот во Велес, од каде што беше одбиен, иако имаше проблеми со дишењето поради повредата. По јавната објава на овој случај, жалбата му е уважена. Ангелов е осуден за упадот во Собранието на 27 април во 2017 година.

