Економија, финансии, бизнис

Контакт

АДВОКАТОТ НА ЈУГ: Рече дека не би можел да се погледне во огледало ако не им се приклучел на уставобранителите

АДВОКАТОТ НА ЈУГ: Рече дека не би можел да се погледне во огледало ако не им се приклучел на уставобранителите

Адвокатот на обвинетиот Игор Југ, Сашо Јанев, денеска во судница за настаните од „крвавиот четврток“ рече дека кога почнал да го застапува неговиот клиент го прашал што правел таа вечер во Собранието. Југ му одговорил дека е срамота да гледа како баби и дедовци влегуваат во Собранието да ги бранат честа и Уставот на Р Македонија.

„Срамота е маж од 120 кила, кој себеси се смета за патриот, да не прави ништо и да гледа како баби и дедовци влегуваат за да ги одбранат Уставот и честа на државата“- вели адвокатот на Игор Југ. 

Рекол дека не би можел да се погледне во огледало ако не им се приклучел на уставобранителите. Адвокатот вели дека Југ влегол во Собранието да спречи пуч, да го спречи неуставниот избор на претседател на Собранието и пеењето химна на туѓа држава, како и да го одбрани Уставот на РМ.

На почетокот на судењето на 22 август, образложувајќи го обвинението обвинителката Вилма Русковска кажа дека Југ имал задача да го ликвидира премиерот Зоран Зоран.

Адвокатот вели дека се празни зборовите дека Југ сакал да го убие Заев. 

Судењето продолжува со воведните зборови на бранителите на 33-та обвинети.

Слично

Поврзани вести