Адвокатот на директорката од Демир Хисар се најде на советничка листа на Левица во Прилеп
Адвокатот Жарко Стевановски од Прилеп, кој неодамна жестоко се бореше со полицијата да не ја приведат директорката на гимназијата во Демир Хисар, Маја Лозановска, објави дека ќе биде кандидат за советник во советот на Општина Прилеп од партијата Левица.
„Ќе има шљакање во Совет“, кратко напиша тој на социјалните мрежи, споделувајќи видео од Левица, на која меѓу другите кандидати, се најде и негова фотографија како дел од советничката листа на партијата за Општина Прилеп.
Тој пред неколку години бил член на СДСМ и јавно се откажал од членството во партијата, за потоа, во 2020 година, за тогашните избори да објави дека ќе се кандидира за независен кандидат за градоначалник на Прилеп.
Слично
