АДВОКАТОТ ЈАНАКИ МИТРОВСКИ БАРА БРЗО РЕШЕНИЕ ЗА ОСУДЕНИТЕ ОД 27 АПРИЛ - „Ништо не ја спречува претседателката веднаш да ги помилува“
За осудените од 27 април МОРА да се најде решение. Да, најбезболно е Стразбур да утврди повреда на правото на одбрана и по тој основ да се бара повторување на постапката. Но тоа е прво неизвесно, второ не знаеме кога би се случило. Други легални опции за повторување на постапката после седум години не гледам.
Ова меѓу другото го објави адвокатот Јанаки Митровски на својот фејсбук профил.
„Во тие услови ништо не ја спречува претседателката ВЕДНАШ да ги помилува. ВМРО-ДПМНЕ се свесни дека добар контингент гласови добија токму поради овие луѓе.
Не може да се бара трпение после седум години ќорка. Октомври е идеален месец за решение, и повеќе од доволно одлежаа!!!!“, пишува на фејсбук овој адвокат.
Слично
