АДВОКАТОТ ЈАНАКИ КОНТРА КОЦЕВСКИ: Што да се истражува? Ова е јасно како ден!
Откако Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски денеска истакна дека Обвинителството ќе постапи професионално во случајот на Фросина Кулакова, 22-годишната модна дизајнерка од Неготино која беше прегазена на пешачки премин на бул. „Партизански Одреди“ од страна на 20-годишниот Васил Јованов од Скопје, кој возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло, додека таа минувала на пешачки премин, и најави дека ќе се истражува дали возачот кој ја удрил Фросина го извршил делото со умисла или во небрежност, со реакција се огласи адвокатот Јанаки Митровски.
„Републичкиот обвинител Љубомир Коцевски вели дека се истражувало дали Васо ќе бил обвинет за умислено сторување на делото. Што се истражува? Има долгогодишна пракса да секој еден во сообраќајка кој ќе помине на црвено, вози пијан или вози 31 над дозволеното се гони дека умислено го сторил делото, односно има dolus eventualis, евентуална умисла. Кое црно истражување ова е јасно како ден“, напиша тој на фејсбук.
