Адвокатката на Катица Јанева кажа на кој начин се напишани писмата од Шутка
Опозицијата обвинуваше дека писмата на сега веќе разрешената обвинителка од СЈО, Катица Јанева испратени од притвор се пишувани на компјутер. Во интервју за ТВ21, нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска вели дека лично ги напишала Јанева и тоа рачно.
– Дописите кои Јанева ги испраќаше од притворот, беа напишани лично од неа, на рака. Процедурата за доставување на таа писмена коресподенција беше во согласност со Законот за кривична постапка член. 178 и тоа беше направено со знаење на органот кој ја спроведува истргата преку службите на затворот и преку судот и судијата на претходната постапка. Затоа сметам дека сите информации дека писмото е напишано на компјутер не се вистинити, односно се шпекулации – кажа адвокатката Ирена Фрчкоска за ТВ 21.
