Адвокатката на Груевски до Јанева: Не е точно дека ќе оди в затвор за 20-тина дена
Адвокатката на екс премиерот Никола Груевски, Сања Алексиќ во изјава за Телма тврди дека со вчерашните изјави на специјалната обвинителка Катица Јанева како гостинка во емисијата „Само Вистина“ е прекршена презумпцијата на невиност на осомничените во 6 нови истраги на СЈО.
Адвокатката Алексиќ се чуди и на информацијата која ја пласираше Јанева дека Груевски за 20-тина ќе оди во затвор, затоа што досега адвокатитете и осудениот во случајот Тенк не добиле никакво решение од надлежните судски инстанци.
- Не сме ја добиле одлуката од судот, а предметот треба да се врати кај судија за извршување санкции - изјави Алексиќ.
Слично
