АДВОКАТКАТА ЈОШЕВСКА АНАСТАСОВСКА ЌЕ БИДЕ ДЕЛ ОД ОДБРАНАТА ВО ПРЕДМЕТОТ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: „Судот не ја заштитува правдата, туку ја посрамотува“
Адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска, која на социјалните мрежи објави дека ќе биде дел од одбраната во предметот за пожарот во дискотеката во Пулс во Кочани, реагира на вчеранајавениот брифинг на Кривичниот суд, на кој е покането само Јавното обвинителство.
„Кога судот и обвинителството настапуваат заедно, правдата останува сама.
Како адвокат и дел од одбраната во предметот за пожарот во Кочани, сметам дека брифингот закажан за утре од страна на Кривичниот суд на кој е покането само Јавното обвинителство остава лош впечаток на процесна нерамнотежа.
Судот треба да биде НАД обвинителството, а не да стои покрај него и да расправа со него "технички предизвици и организациска поставеност". А ако решил да го покани на брифинг, да го третира како страна во постапката и да ја покани и одбраната.
Со вакви потези, судот не ја заштитува правдата туку ја посрамотува и нè подготвува сите нас за нефер процедура“, напиша таа.
Слично
