Адвокатите не Јанкулоска не дојдоа на судење
Утрово во Апелацискиот суд во Скопје беше одложена седницата на која требаше да се одлучува по жалбата на осудената ексминистерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, за пресудата на судијката Добрила Кацарска за издвоената постапка за предметот „Тенк“, во која беше осудена на затворска казна од 6 години.
Причина за одлагањето е тоа што не дојдоа адвокатите на Јанкулоска, Боро Тасевски и Сања Алексиќ. Алексиќ имала здравствени проблеми, а Тасевски не беше присутен на седницата поради приватни причини. Јанкулоска се појави сама во Апелацискиот суд.
Судијката Цветанка Периќ им ги прифати поднесоците и судењето го одложи за 25 февруари.
Слично
