Економија, финансии, бизнис

Контакт

Адвокатите на Јанкулоска открија за колку дена ќе се породи

Адвокатите на Јанкулоска открија за колку дена ќе се породи

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска поради влошена здравствена состојба односно ризична бременост, денеска како обвинета не се појави на рочиштето за предметот на СЈО „Титаник“ затоа што за кусо време треба да се породи.

Според нејзините адвокати, таа наскоро, за 10-тина дена би требало да се породи, поради што на денешното рочиште за случајот „Титаник“, очекуваа дека обвинителката Лиле Стефанова ќе побара за неа да се издвои постапката, односно да и се суди одвоено, а за останатите судењето да продолжи онаму каде застанало, односно со слушање на бомбите.

Обвинителката Стефанова пак, вели дека издвојување ќе побара кога за тоа ќе дојде време, потенцирајќи уште еднаш дека медицинската документација не го оправдала денешното отсуство на Јанкулоска.

Таа објаснува дека таму ниту има податок за покачен крвен притисок, главоболка или нешто посериозно.

Одбраната на Јанкулоска пак, побара да и се укине и мерката еднаш неделно да се појавува во судот, но поради новонастанатата ситуација се создава дури и можност судот да не ја укине оваа мерка, туку да и даде куќен притвор.


Слично

Поврзани вести