АДСДП по реакцијата на Мурињо: Разликата во висината на голот во рамки на дозволеното отстапување
АД за стопанисување со станбен и деловен простор, кое менаџира со Националната арена „Тоше Проески“, ги отфрла како неосновани тврдењаата во одредени медиуми за наводни пропусти во условите за одржување на натпреварот Тотенхем- Шкендија.
Ваквиот демант од претпријатието доаѓа откако трофејниот и светски познатиот тренер на Тотенхем, Жозе Мурињо, вчера на Инстаграм објави дека еден од головите на теренот бил 5 сантиметри помал. Од АДСДП велат дека таа димензија е во рамки на дзоволеното отстапување од официјалните димензии по кој треба да биде рамка на еден гол.
„АД за изградба и стопанисување ги отфрла како неосновани тврдењата во одредени медиуми дека е направен пропуст во димензиите на рамката на еден од головите на Националната Арена „Тодор Проески’’. Пред почетокот на овој натпревар, исто како и пред сите меѓународнинатпревари делегат на УЕФА и судиите извршија проверка на целокупниот терен.По детално извршената проверка, од нивна страна беше потврдено дека се задоволени условите за одржување на натпреварот. Димензиите на рамките на головите беа во рамки на УЕФА правилата, односно делегатот на УЕФА и судиите констатираа дека се во рамки на дозволеното отстапување. По реакцијата на тренерот на Тотенхем, во интерес на натпреварот , висината на двата гола веднаш беше минимално корегирана.
На официјалната интернет страница на екипата на Тотенхем не само што немаше какви било забелешки за условите за игра, туку сите објави беа во насока на пофалби за одличната организација на натпреварот и условите за игра .
Во изминатите 20 дена на Националната Арена „Тодор Проески’’ беа одиграни 5 меѓународни натпревари и сите ги поминаа ригорозните инспекциски контроли на УЕФА.
АДСДП смета дека ваквите написи, без дополнителна проверка на фактите се единствено на штета на спортот и спортските работници во државата, како и на максималните напори кои ги вложува раководството на АДСДП во одржувањето на Националната Арена „Тодор Проески’’ според сите светски стандарди“, гласи демантот на акционерското друштво.
Жозе Мурињо вчера сподели на својот профил на Инстаграм дека рамката на еден од головите на стадионот е пониска за 5 сантиметри од официјалните димензии. Веста брзо ја превзедоа медиумите, затоа што трофејниот тренер на Тотенхем има 200.000 следбеници на Инстаграм. Нему прво му се пожалил голманот Хуго Лорис, а потоа Португалецот пријавил кај делегатот на натпреварот од УЕФА. Мурињо се пошегува дека прво помислил дека пораснал за 5 сантиметри, а димензиите пред мечот со Шкендија во Скопје.
