Економија, финансии, бизнис

Контакт

АДСДП: Градиме согласно годишната програма на Владата

АДСДП: Градиме согласно годишната програма на Владата

Во  врска со  реакциите во јавноста во однос на  евентуална изградба на 60-  катници на просторот кај хотелот Холидеј ин, АДСДП е должно да го напомене следното: АДСДП  гради согласно годишната програма за изградба, продажба и одржување на станбен простор во сопственост на РМ која е е донесена од Владата и е изготвена врз основа на деталните убанистички планови. 

„Оваа програма  АДСДП ја изготвува и ја доставува како предлог  до Министерството за транспорт и врски, а Владата ја одобрува. Напоменуваме дека годишната програма се носи врз основа на деталните урбанистички планови  кои ги изготвуваат единиците на локалната  самоуправа ,односно општините , и тоа  согласно  потребите за комерцијални и социјални станови како  и деловни објекти. Токму општините одлучуваат за намената на локациите и за површината на градбите. АДСДП секогаш до сега , и во иднина ќе продолжи да ги почитува  законските прописи на важечките урбанистички планови. Во интервјуто за МИА, Генералниот Директор Кристијан Трајковски  посочи дека локацијата е идеална за изградба на современ бизнис центар, но конечната одлука треба да  ја донесат надлежните институции, секако имајќи предвид дека конечниот глас ќе го имаат граѓаните. АДСДП останува и натаму на својата основна задача, а а таа е обезбедување развој на економски  план како за државата, така и за нашето АДСДП што во пракса значи привлекување на домашни и странски инвестиции. Доколку некои од градоначалниците се на став дека одредени градби не треба да бидат предвидени во деталните урбанистички планови, сметаме дека до сега имаа време  да ги изменат овие планови, или да покренат иницијатива за нивна измена“- се наведува во реакцијата. 

Се додека деталните урбанистички планови се важечки, тие произведуваат правна основа за идни градби.

Слично

Поврзани вести