Економија, финансии, бизнис

Контакт

АДРИЈАН ХЕРОЈ: Многу емоции и љубов - детето победи, силно заѕвони на ѕвончето на онкологија и си замина дома

АДРИЈАН ХЕРОЈ: Многу емоции и љубов - детето победи, силно заѕвони на ѕвончето на онкологија и си замина дома

Мојот син е херој. МНогу малку зборови, а преголема емоција. Премногу љубов и надеж. Мајката Марта Стојковска објави благодарност на целиот персонал од болницата каде се лекуваше нејзиното детњ и посака сите дечиња кои се лекуваат да излезат како победници и херои. Нејзиниот пост, кој го сподели невладината организација САНО, ви го пренесуваме во целост: 

„Како да започнам да го славам овој ден ако не со БЛАГОДАРАМ!

Му БЛАГОДАРАМ на БОГА што со неговата милост и сила ни помогна да го поминеме овој најтежок период и да излеземе победници, а мојот син ХЕРОЈ.

Му благодарам на целиот персонал од болницата кој несебично беа тука за нас и правеа се‘ што можеа за мојот син и сите деца БОРЦИ.

И мора да се биде БОРЕЦ и мора да се биде силен, само така и со верба во БОГА ќе помине се‘ и ќе се победи секое зло.

Излеговме како победници, излегоа и многу пред нас, но она што е моја желба е и сите после нас да излезат како такви, зошто верувајте, овие деца го заслужуваат тоа и само тоа. Да бидат ПОБЕДНИЦИ и ХЕРОИ!

Фото: Фејсбук - Марта Стојковска


Слично

Поврзани вести