Економија, финансии, бизнис

Контакт

Аднан Мемед тврди дека во Собрание бил за да го спаси Амди Бајрам а не да тепа пратеници

Аднан Мемед тврди дека во Собрание бил за да го спаси Амди Бајрам а не да тепа пратеници

Откако еден од идентификуваните чие лице беше препознаено во групата демонстранти кои насилно упаднаа во Собранието минатиот четврток, се дозна дека е шефот на кабинет на Елвис Бајрам, градоначалникот на Шуто Оризари и син на Амди Бајрам, Аднан Мемед денеска реагира на пишувањата во медиумите правдајќи се дека во Собранието не бил да тепа туку да го спаси Амди Бајрам.

Тој во реакцијата до медиумите, како што пишува, одговорно тврди дека ниту зел учество во физичка пресметка, ниту посегнал, а најмалку применил физичка сила во моментите кога се случија немилите настани.

Мемед тврди дека тој не учествувал ниту пак поддржува  нарушувања на јавниот ред и мир или пак потешки форми на насилство .

Шефот на кабинет на Елвис Бајрам убедува дека  Амди Бајрам побарал да му помонгат и да го изнесат од собранието, образложувајќи дека истиот има здраствени проблеми подолг период и потешкотии во движењето и затоа му е неопходна придружба.

„Во моментите кога се случија немилите настани, јас како и мојата придружба незнаевме каде се наоѓа пратеникот односно во која просторија. До моментот додека го лоциравме, бидејќи распоредот на просториите во Собранието не ми е познат очигледно сум фотографиран.

Но, видно од фотографите јас немам активно учество во настаните, Но само како се движам по скалите. За воља на вистината од безбедносните камери претпоставувам дека може јас да се види движењето на сите кои беа присутни во зградата на Собранието, а со тоа и да се види дали и кој употребил физичка сила или посегнал по ладно орудие или пак оружје“, се правда Мемед.

Тој информациите кои во јавноста ги објави и една Ромска политичка партија ги оценува како тенденциозни и лукави и вели дека намерно некој се обидува да наметне вина кај него.

Слично

Поврзани вести