Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Адмирал“ демантира дека бил нападнат член на „Антикоцкање“

„Адмирал“ демантира дека бил нападнат член на „Антикоцкање“

Автомат-клубот „Адмирал“, членка на групацијата „Новоматик“ во Македонија, ги демантира неодамнешните вести дека бил нападнат член на движењето „Антикоцкање“, кое во јавноста бара релокација на организаторите на обложување и игри на среќа надвор од населените места.

„Жалиме што во период кога целото општество се справува со тешките последици по здравјето на граѓаните и економијата предизвикани од пандемијата со “Ковид-19“, движењето „Антикоцкање“ продолжува со својата негативна кампања и ширењето лажни вести.

Посоченото лице кое наводно нападнало член на движењето „Антикоцкање“ воопшто не е вработен во автомат клубот „Адмирал“. Сепак, ги охрабруваме и ги повикуваме надлежните институции до крај да ги расчистат сите околности согласно законите кои важат во нашата држава“, гласи демантот од „Адмирал“.

Од таму додаваат дека како странска инвестиција помош ќе се побара и од дипломатската мисија на Европската Унија во Скопје.

„Конечно, бидејќи со месеци сме цел на неосновани обвинувања, обиди за дискредитација, како претставници на реномирана странска компанија, ќе побараме од дипломатската мисија на Европската Унија во Република Северна Македонија да изврши мониторинг на тоа како се третираат одредени странски инвестиции, кои вршат дејност исклучиво согласно домашните позитивни законски прописи“, се додава во соопштението.


Слично

Поврзани вести