СЛУЖБЕНИКОТ ЌЕ БИДЕ КАЗНЕТ: Управата за водење на матични книги му се извини на Јакимовски што син му и снаата добиле умреница
Стигна извинување до градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски. Управата за водењето на матични книги му се извини на Јакимовски што син му и снаата наместо венчаница добиле умреница.
Од Управата велат дека е направен увид и утврден е пропуст.
„Административниот службеник, вработен во Управата за водење на матични книги – Подрачно одделение Скопје во краток рок ќе биде санкциониран во согласност со Законот за административни службеници. Јавно се извинуваме на семејството на градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски за немилиот настан“, велат од Управата.
Јакимовски претходно денеска кажа дека денот на венчавката е впишан како ден на смртта, а младите луѓе се во шок. За вакви случаеви во странство странките добивале отштети поради предизвиканиот стрес.
