Администрацијата е превработена: Како министерот Манчевски ќе го решава овој проблем?
Нема плата за институциите кои не си ги преброиле вработените.
Се уште нема точна бројка колку лица се водат како вработени во јавната администрација а министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски во вчерашното интервју за РСЕ вината ја насочи во некоректното ажурирање на податоците од другите институции.
Манчевски вели дека институциите и лицата кои раководат со нив доколку не ги внесат податоците за своите вработени во информатичкиот систем за управување со човечките ресурси нема да земат плата.
Министерот посочува дека многу пати досега е укажано, преку информации, одлуки на влада и слично и состојбата мрднала од место, но сепак тоа не значи дека се сигури оти крајот на годинава со извештајот што треба да го дадат за минатата година во март, ќе можат да кажат дека бројката целосно ќе доаѓа од системот или ќе биде добиена преку споредба на бази на податоци.
„Бројката што се добива е приближно точна, но не целосно точна. Администрацијата е превработена, но дека и покрај тоа нема да има отпуштања од работа, туку од наредната година вишокот на административци ќе се понуди на приватниот сектор кој за превземањето ќе добие субвенции“, кажа министерот.
