Економија, финансии, бизнис

Контакт

Адеми: Железница е решение за Охрид

Адеми: Железница е решение за Охрид

Едмонд Адеми, министерот за дијаспора и наедно претседател на Националната комисија за УНЕСКО, за „Утрински брифинг“ на Слободен Печат вели дека  Железницата е едно од решенијата за урбанистичките и еколошките проблеми во Охрид. Тој додаде дека до мај треба да биде пуштен во употреба колекторскиот систем, кој како што вели Адеми, е многу важен сегмент и дека станува збор за обновен систем.

– До мај треба да имаме чист колекторски систем кој нема да го загадува езерото. Железницата секако е дел од плановите за Охридскиот регион, најавува министерот.

Тој вели дека после собирот на УНЕСКО во Баку па до денес голем дел од препораките биле реализирани, но дека не било можно преку ноќ да се урнат сите дивоградби.

– Дивоградбите се само еден сегмент, можеби и најболен. Не сите од нив се проблематични. Се прави нивен регистер. После тоа експертите треба да направат проценка на влијанието на животната средина. На 1 февруари треба да ги информираме УНЕСКО за прогрес извештајот. Очекувам констатација во имплементација на препораките. И тие знаат дека не може дивоградбите да ги урнете преку ноќ. Но оние кои имаат влијание врз животната средина ќе мора да бидат отстранети, изјави Адеми.

Додава дека засега е укинат проектот за ски центар на Галичица и дека некои траси се променети за да не се уништи природното богатство во тој дел од Охрид

Слично

Поврзани вести