Економија, финансии, бизнис

Контакт

АДЕМИ ЗА АВГАНИСТАНЦИТЕ КОИ ЌЕ ПРИСТИГНАТ: Лицата се дел од угледни организации

АДЕМИ ЗА АВГАНИСТАНЦИТЕ КОИ ЌЕ ПРИСТИГНАТ: Лицата се дел од угледни организации

80 oтсто од бегалците што ќе ги примиме се вакцинирани против коронавирус, тоа се луѓе од угледни организации, вели советникот за надворешна политика во кабинетот на премиерот Зоран Заев, Едмонд Адеми за дневникот на ТВ Сител.

Изјави дека во овие тешки времиња сме покажале солидарност. 

„Кога ќе дојдат ќе зависи од безбедносната ситуација на терен, во и околу аеродромот во Кабул. Лицата што ќе ги примиме се дел од угледни организации како ООН, Отворено општество, невладини организации за работа со жени, новинари и дописници од ББС, Њујорк Тајмс, студенти од институтот Хопкинс, уметнички и културни работници. Ги проверуваме сите поединечно, согласно со списоците што ги добивме“, информира Адеми. 

Рече дека немаат точна информација кога ќе пристигнат странците, кои ќе имаат привремен престој во земјава. 

Слично

Поврзани вести