Економија, финансии, бизнис

Контакт

Адеми вели дека нема да имаме штета ако Бугарите ги внесеме во Уставот

Адеми вели дека нема да имаме штета ако Бугарите ги внесеме во Уставот

Пратеникот од ДУИ, Арбер Адеми вели дека уставните измени нема да наштетат на Македонија и смета дека Бугарите треба ги внесат во Уставот. 

Кажа дека треба да го следиме европскиот пат. 

„Република Северна Македонија нема да претрпи никаква штета ако го исполниме овој услов и во нашиот Устав се вклучат и други етнички заедници вклучувајќи ја и бугарската“, вели тој. 

Адеми е поборник да се создаде меѓупартиски, државен општествен консензус. 

„Сметам и длабоко сум уверен дека немаме право да се откажеме од зацртаните стратешки цели, кои се генерациски и не се во функција на дневната политика. Потполно ги поддржувам Владата и напорите на нашите институции да влеземе во ЕУ во 2030 година“, рече Адеми. 

Тој смета дека треба повеќе да се занимаваме со реформите, а помалку со политика. 

Инаку, при посета на земјава, германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер завчера изјави дека Македонија може да стане членка на ЕУ до 2030-та, но прво мора да се посвети на внатрешните реформи.

Бугарија бара Бугарите да бидат внесени во македонскиот Устав. 

Слично

Поврзани вести