Адеми тврди дека само Али Ахмети знае што ќе соопшти на 5 јуни
ДУИ најави изненадување кое ќе го соопшти на 5-ти јуни.
Пратеникот од ДУИ, Арбер Адеми во вечерашното гостување во емисијата „Патот кон“, прашан што ќе биде промовирано на 5 јуни, односно дали ќе има изненадување за името на кандидатот за градоначалник, по примерот со премиер Албанец, рече дека тоа го знаел само првиот човек на партијата, Али Ахмети.
„Ова е прашање што му припаѓа на претседателот Ахмети, претседател на партијата и апсолутно е изненадување, изненадување што ќе го открие тој и само тој, претседателот Ахмети“, изјави Адеми.
Слично
