Адеми: Секојдневно фотокопираме документи за СЈО и финансиска полиција
Министерот за култура, Асаф Адеми, во гостување на телевизиска емисија на ТВ21 откри дека вработени во неговиот ресор секојдневно фотокопираат документи на барање на Специјалното јавно обвинителство и Управата за финансиска полиција.
Од таму го барале секој потребен документ како дел од истрагата на проектот „Скопје 2014“. Адеми вели дека неколку вработени по цел ден фотокопираат документи.
Станува збор за истрага на 10 објекти за кои постои сомневање дека при нивна изградба биле проневерени пари.
-Замислете колку обемна документација беше потреба да се исфотокопира и да им се достави на истражните органи. Верувајте дека значителен број вработени во Министерството не прават ништо други освен што копираат документи – изјави Адеми.
