Економија, финансии, бизнис

Контакт

Адеми: Се пролонгира уписот на првачињата

Адеми: Се пролонгира уписот на првачињата

Наместо традиционано на почетокот на мај, уписот на првачињата во основните училишта ќе биде во јуни, објави денеска Арбер Адеми, министерот за образование.

До сега традиционално запишувањето на првачињата започнуваше на почетокот на мај и траеше до крајот на месецот, но овој пат тоа се одложува за еден месец поради вонредната ситуација.

- На следната седница на Владата една од мерките која ќе се дискутира ќе биде пролонгирање на уписот на првачињата од мај во јуни месец, рече денеска Адеми.

Една од причините за одложувањето е тоа што за упис се бара потврда за задолжителните примени вакцини и за извршен стоматолошки преглед од надлежните здравствени установи, што во моментов би се одвивало отежнето.

Слично

Поврзани вести