Адеми потврди: ДУИ ќе формира институт за надзор како се користи албанскиот јазик
Џеват Адеми кој ќе се трка за пратеник во Шестата изборна единица денеска потврди дека ДУИ ќе се заложи за основање на Институт за надзор на службената употреба на албанскиот јазик.
Институтот, како што изјави Адеми, ќе функционира во форма на инспекторат кој ќе води сметка за заштита на спроведувањето на јазикот како и неговата соодветната употреба, со што ќе се обезбеди албанскиот јазичен интелект.
– ДУИ ќе се заложи за донесување закон за градење на заштитен механизам или Институт кој ќе го следи, ќе врши надзор и ќе го санкционира секое застранување од нормите на литературниот албански јазик, кој што сега веќе е официјализиран во Македонија, додаде тој.
Според Адеми, основањето на Институтот ќе придонесе кон јазичната рамноправност што е и вториот столб на ДУИ за овие избори, како и ќе влијае директно на интелектуалниот развој на населението.
