Економија, финансии, бизнис

Контакт

Адеми: Корекции во 22 учебници

Адеми: Корекции во 22 учебници

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми, потврди дека се коригираат дваесет и два коригирани учебника за учебната 2018/2019 што ќе бидат доставени низ училиштата. 

Освен бесплатно, учебниците ќе може и да се купат и тоа за прв пат по иста цена по која ги откупува МОН, односно нема да смее да бидат поскапи.

Учениците од прво, втопро и трето одделение нема да користат веќе употребени учебници од нивни претходници..

- Во тек е процесот за изготвување на нови 31 учебник за стручно образование. Од Оваа година за првпат се воведува италијанскиот јазик како втор странски јазик, потенцира Адеми.

Директорката на педагошката служба Вања Велева рече дека повикувајќи се на измените во Законот за учебници во основното и средното образование иницирани од Владата, а усвоени од Собранието, се овозможени интервенции на најмногу до 30 отсто од содржината на учебниците.

- Целокупниот процес почна со спроведување анкета низ училиштата преку која добивме првичен сигнал за конкретните потреби од промени низ содржините на одредени учебници. Нашата примарна задача, сите заедно да придонесеме за квалитетно образование, е и ќе биде приоритет на оваа Влада и на МОН, додаде Велева.


Слично

Поврзани вести