Економија, финансии, бизнис

Контакт

Адеми како ветеран од две војни не се плаши од заканите за оган

Адеми како ветеран од две војни не се плаши од заканите за оган

Пратеникот Џеват Адеми од редовите на ДУИ жестоко им се обрати на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ посочувајќи им дека не се плаши од заканите за оган бидејќи тој е ветеран од две војни.

- Учесник сум во две војни. Закани со оган кај мене не поминуваат. Денес не сте во право. Во секое време Собранието има право да се прекине и да се премине на друга точка, рече пратеникот на ДУИ, Џевад Адеми, од собраниската говорница.

Тој посочи дека Талат Џафери е единствен кандидат за претседател на Собранието и дека мнозинството има право да ја промени точката на дневен ред, бидејќи комисијата за избори и именување може да избира и други парламентарни тела.

- Талат можеби нема за една недела да стане претседател на Собранието, но за 10 дена ќе биде, потенцираше Адеми и рече дека освен преку комисијата која е точка на дневен ред, претседател може да се бира и по предлог од 20 пратеници. 


Слично

Поврзани вести