Економија, финансии, бизнис

Контакт

Адеми: Иселениците ќе гласаат во Македонија, а не во странство

Адеми: Иселениците ќе гласаат во Македонија, а не во странство

Едмонд Адеми, министерот за дијаспора во Вадата на РМ, во интервју за МКД тврди дека македонските иселеници на 30 септември ќе гласаат во голем број, но не во странство, туку во Македонија.

Гласање во дијаспората ќе има во 33 дипломатско-конзуларни претставништва (ДКП) и ќе чини околу 200.000 евра, но регистрирани за граѓанско изјаснување се само 2.700-тини.

Адеми за МКД.мк вели дека тоа не се „изгубени“ гласачи на референдумот.

- Не, не. Јас знам многу луѓе од нив што ќе дојдат овде во Македонија. Очекувам многу повеќе да дојдат во Македонија да гласаат, поради тоа што можат да ги користат евтините авионски линии, па ем да гласаат, ем да се видат со најблиските. Со многумина од нив разговарав во текот на летото, па практично нивната порака беше дека им е поедноставно да дојдат да гласаат и така ќе направат - вели Адеми на едно од прашањата.

Тој додава дека иако ќе се потрошат 200.000 евра за гласање во странство, станува збор за државјани на Република Македонија, на кои треба да им се даде правото да се изјаснуваат и стекнатото право не може да се укине. 

Слично

Поврзани вести