Економија, финансии, бизнис

Контакт

Адеми: Хистеријата дека Охрид може да стане загрозено културно богатство на УНЕСКО не ја направи владата

Адеми: Хистеријата дека Охрид може да стане загрозено културно богатство на УНЕСКО не ја направи владата

Mинистерот без ресор Едмонд Адеми во неделното интервју на Радио Слободна Европа изјaви дека на прстите од двете раце може да се избројат дивоградбите од типот на куќи, угостителски објекти или хотели во заштитениот појас во Охрид. 

Вели дека хистеријата во јавноста околу тоа дека Охрид може да стане дел од таа листа на загрозено културно и природно богатство на УНЕСКО не ја направи владата.

„Второ, владата и сега во оваа ситуација на тие разговори во Баку што јас ги имав, не само со земјите членки на комитетот, туку и со двете експертски организации во рамките на УНЕСКО, ИКОМОС и УСЦН, договорена е експертска поддршка. Ги слушам тезите дека ќе сме добиеле и пари за колекторот. Еден колектор чини меѓу 20 и 30 милиони евра, изградбата на нов колектор во Охрид. Тие пари УНЕСКО ги нема да ви ги даде, затоа владата, знаете со нова одлука, формира ново претпријатие, кое колекторскиот систем го презема под своја капа, што до вчера беше под капата на општините, и во рамките на Буџетот оваа година планираме околу 4,5 милиони евра да вбризгаме во репарација и реновирање на пумпите, нови пумпи за колекторот, а од догодина целосно, заедно со Европската банка за развој, со Европската унија и со други институции, да можеме да ја финансираме целосно изградбата на новиот колекторски систем. Така што, целата експертска помош од УНЕСКО воопшто не е спорна“, вели тој. 

Додава дека од мај 2019 година, Охрид има нов градоначалник и тој во рок од еден месец, согласно документацијата што ја има во општината, согласно обврските, направи  регистер на дивоградби, на моментална состојба.

Слично

Поврзани вести