Адеми: Грците не се во право, но правилата се тие
Пратениците во Собранието денеска зборуваат за уставните измени, при што дискутираат за тоа дали Договорот ќе отвори перспективи за граѓаните.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев како пример ги наведе земјите кои веќе се во ЕУ, како Бугарија кои имаат сериозно намалување на населението. Тој обвини дека се гласало на 30 септември за пола час, на одредени места гласале дури 90% од гласачите за толку кратко време.
Џеват Адеми од ДУИ на ова одговори дека граѓаните дисциплинирано гласале за иднината на нивните деца.
„За наша среќа, имаме посебен историски момент во Македонија. Премиерот има храброст од говорница да каже „да, подготвен сум да понесам одговорност“- рече Адеми.
Тој вели дека Македонија ќе биде подобра земја за живот со добри односи со соседите. Според него, ако Македонија е сигурна и стабилна луѓето кои се иселиле ќе се вратат.
Адеми вели дека дел од пратениците прават овој сон да потфрли и да биде неуспешен.
„Грците не се во право право, но правилата се тие, ние сакаме да влеземе во клубот“ - рече Адеми.
Пратеникот вели дека животот не секогаш е праведен, и тој за некого е мајка, а за некого маќеа.
Адеми тврди дека од албанската заедница ретко кој ќе зборува добро за грчката држава.
Пратеничката Ивана Туфеѓџиќ вели дека не треба да зборуваме за бројки, и за историја, туку да мислиме дека младите ќе се иселуваат и понатаму.
