Економија, финансии, бизнис

Контакт

Адеми ги повика иселениците да гласаат на референдумoт

Адеми ги повика иселениците да гласаат на референдумoт

Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, упати јавен повик до иселениците да гласаат на референдумoт закажан за 30 септември.

Вели дека имаме граѓанска одговорност да донесеме правилна одлука, да излеземе и со нашиот глас да придонесеме кон заедничка подобра иднина. 

„Сплотени, со здружени сили, заедно можеме да ја обезбедиме иднината на нашите деца. Одлуката зависи исклучиво од нас самите, наша е одговорноста. Вие одлучувате дали Република Македонија ќе биде членка на Европската Унија и НАТО со прифаќање на договорот со Република Грција. Имаме граѓанска одговорност. Сега е време за одлука“- се вели во повикот на Адеми.

Пријавувањето ќе трае до 23 август на веб-страната на Државната изборна комисија. Прашањето ќе гласи: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“

Деветнаесет македонски државјани кои престојуваат или се на привремена работа во странство се пријавиле првиот ден преку електронската апликација на Државната изборна комисија да го остварат своето право на глас на претстојниот референдум.

Слично

Поврзани вести